Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Пирин, покрај реката Глазна. Хотелот е на 800 м од ски-лифтот и околу 1700 м од центарот на градот Банско. Regnum Bansko Apart Hotel & SPA е прекрасно место за одмор со одлична услуга.
Хотелот се состои од 5 меѓусебно поврзани згради и располага со 100 апартмани и суитови кои се опремени со: клима, ТВ, телефон, мини бар, сеф, Wi-Fi интернет, бања со када или туш, фен за коса, чајник. Некои од собите можат да имаат мини кујна, како и тераса (со доплата). Сите соби имаат софа или фотелја на развлекување како дополнителен кревет.
Хотелот располага со рецепција, ресторан, a la carte ресторан, услуга во соба, лоби бар, сеф на рецепција, Wi-Fi интернет, менувачница, паркинг (се доплаќа, по достапност), гаража (се доплаќа, по достапност ), 4 опремени конференциски сали со придружна опрема, велнес центар (базен со детски дел, сауна, парна бања, џакузи, фитнес, солариум, соба за релаксација), салон за убавина, ски депо, детска игротека. Хотелот има организиран трансфер до гондолата според распоредот на хотелот.