Хотелот Камелиа е во близина на ски лифтот Студенец во Пампорово.
Апартманите се опремени со модерен мебел, flat-screen TV со сателитски канали и сопствено купатило со туш кабина. Собите имаат комплетно опремена чајна кујна, дневна соба со трпезарија и камин, балкон.
Хотелот има надворешно детско игралиште, внатрешно детско игралиште со трамболина, базен со топки и играчки, и повеќе наменски спортски терен на кој може да се игра фудбал или тенис. Обезбеден е и бесплатен паркинг.
Во ресторанот во склоп на хотелот се служи појадок или вечера на база шведска маса со разновидни бугарски и европски јадења. Комплексот поседува бар во лобито и традиционална таверна. Во склоп на хотелот се наоѓа и сала за конференции.