Вилата се наоѓа на неколку чекори од плажа, веднаш до хотелот Елпиники на јужниот дел на Неа Потидеа, лоциран на крајниот дел на местото, свртена кон запад, идеална за оние кој љубат долг престој на плажа до доцна во денот. Оваа вила е нова градба и располага со 5 студиа. Гостите од вилата имаат 2 бесплатни лежалки, исто имаат и можност да изнајмат велосипед.
Содржина на студијата:
- тв, интернет
- клима (вклучена во цената),
- мини кујна,
- сопствен тоалет со туш,
- тераса со мебел за седење.
Типови и распоред на студиа:
- Студио бр.4 – 1/3+1 студио за 3 возрасни + 1 дете, со двоен кревет и софа на пуштање
- Студио бр.6– 1/4 студио за 4 лица со двоен кревет и креветчиња на спрат – на прв спрат
- Студио бр.7 – 1/2+1 студио за 3 лица со двоен кревет и дополнително легло на расклопување – на втор спрат
- Студио бр.8 – 1/4 студио за 4 лица со двоен кревет и креветчиња на спрат – на втор спрат
- Студио бр.9 – 1/2+1+1 студио за 2 возрасни + 2 деца на втор спрат, со поглед на море
Промо термини:
- Првиот и последните два термини се промотивни – не подлежат на попуст и се резервираат со 50% аконтација.
Важно да знаете
- Понудата важи за ограничен број студија во претпродажба; може да биде повлечена без најава.
- Интернетот во објектот – без гаранција за брзина/квалитет.
- Цените се за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Плаќање во денарска противвредност (1€ = 62 ден.).
- Туристичка такса: 2€ по соба/ден – се плаќа во објектот.
За патници со автобуски превоз:
- куфер до 23 кг + рачна торба до 6 кг
- доплата за дополнителен багаж: 20€ во автобус доколку има расположливо место
- секој куфер мора да има налепница од водичот
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 10.05.2026, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 20.05.2026
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Халкидики
- -Скопје (Дрводекор) – 50еур по лице
- -Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес – 65еур по лице
- -Неготино (бензинска пумпа, Неготино) –50еур по лице
- -Граничен премин (бензинска пумпа Шимов) – 50еур по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Халкидики:
- -Битола -(Спортска сала) – 45еур по лице
- -Прилеп (БП Селида) Трансфер до Битола –45еур по лице
- -Струга (Хотел Дрим) Трансфер до Битола –55еур по лице
- -Охрид ( БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола – 55еур по лице
- -Ресен (спроти автобуска станица) Трансфер до Битола – 55еур по лице
Јк Травел го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70% , или промена на цената на горивото
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
*Loyalty card – попуст 7% и не се комбинира со попустот за рана резервација и промо цените
*За уплата на два последователни термини одобруваме 10% попуст на вториот термин (овој попуст не е важечки за промо термините)
* попустите не може да се комбинираат,
*Во студио е дозволено сместување на лица согласнопредвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до неполни 6 години во легло со родител
*Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
*Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
*Важат Општите услови на НАТА и ТА ЈК травел
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ СКОПЈЕ-ХАЛКИДИКИ:
- -3:40 Штип (паркинг пред пошта) Трасфер до Велес
- -4:00 Скопје (Дрводекор)
- -4:30 Велес (Макоил БП, Хотел Македонија)
- -5:00 Неготино (БП Неготино)
- -6:00 Граничен премин ( БП Шимов)
ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ ОД БИТОЛА-ХАЛКИДИКИ
- -4:00 Битола (Автобуска Станица Транскоп-на перон)
- -3:15 Прилеп (БП Салида) Трансфер до Битола
- -2:15 Струга (Хотел Дрим) – Трансфер до Битола
- -2:30 Охрид (БП Лук Оил излез кон Битола) Трансфер до Битола
- -3:15 Ресен (спроти автобуска станица Транскоп на перон ) – Трасфер до Битола
Поаѓање од Грција:
-15:15 h локално време, ( 14:15 h мак.време) Сивири
-15:30 h локално време, ( 14:30 h мак.време) Калитеа
-16:00 h локално време, ( 15:00 h мак.време) Неа Потидеа