Hotel Aqualina
Хотел Аквалина се наога во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување. Конференции : Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби. Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта,целосно опремени за непречено одржување на вашите настани. Спортски терени: Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал. Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи. Плажа: Хотел Аквалина располага со соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце. Гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири. Бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци. Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода. Ресторан : Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби ,крштевки,родендени и свадби.Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор
Цените се изразени по лице на ден за услуга ноќевање со појадок
05.01-10.06.2026 – 40еур по лице на ден
01.09-25.12.2026 – 40еур по лице на ден
11.06-31.08.2026 – 45еур по лице на ден
Дополнителни услови:
-Доплата за вечера 10 еур по лице
-Долата за соба со поглед на езеро 5 еур од соба
-Доплата за соба со сауна / џакузи 15 еур од ден
-Еднокреветна соба +50% доплата
-Дополнително легло попуст -30%
Политика за деца:
-Дете до 2 год бесплатно
-Прво дете од 2- 5,99 год со родители бесплатно
-Второ дете 2- 5,99 има -70 % попуст
-Дете 6-11,99 год -40% попуст
- Туристичка такса вклучена во цената
Политика на отказ на резервација: До 15 дена пред поагање – без пенали, од 14-06 дена пред поагање – 30% пенали, од 5 до 1 ден пред поагање – 100% пенали.









