CELESTYAL IDYLLIC
IDYLLIC GREECE 7 НОЌИ
Крстарење со луксузниот брод Celestyal Journey со поаѓање од Пиреа Атина.
Поминете 8 дена на Егејското Море, посетете ги Кушадаси и Ефес на турскиот брег и грчките острови Крит, Родос,Санторини, Миконос, Милос, посетете ја Атина. Побрзајте со резервации – искористете ја најповолната понуда и крстарете по најдобра цена!
Едно од најпопуларните крстарења во нашата понуда е секако Идиличниот Егеј. Крстарењето трае 8 дена (7 ноќевања) и вклучува застанувања во Кушадаси (Турција), Родос, Агиос Николаос (Крит), Санторини, Миконос, Милос и Пиреа (Атина). Осмиот ден бродот се враќа на почетната точка – Пиреа Атина.
На ова незаборавно крстарење, ќе имате можност да ги одморите очите гледајќи ги сончевите бревоги на Егејското Море, да посетите некои од најубавите и најпознатите грчки острови, да се запознаете со богатата грчка историја, култура и традиции на локалното население и да ги пробате уникатните специјалитети од локалната кујна.
Препуштете се на автентичните вкусови на медитеранската кујна, во набљудувањето на прекрасните пејзажи и посетете ги шармантните поморски локалитети и археолошки локалитети лоцирани во близина на пристаништето. Посетете го древниот Ефес и откријте ги тајните на еден од најдобро зачуваните антички градови во овој дел од светот. Дознајте зошто островите Санторини и Миконос се едни од најексклузивните места за одмор во Грција и зошто Милос е дијамантот на Кикладите. Посетете ја Атина и нејзиниот Акропол и запознајте ги знаменитостите на еден од најстарите градови.
Поаѓањата се од Пиереа Атина, секоја сабота почнувајќи од март до октомври.
1. ден – Пиреа Атина – поаѓање: 17:00
2. ден – Кушадаси/Ефес Турција – Грција – пристигнување: 08:00 / поаѓање: 18:00
3. ден – Родос – Грција – пристигнување: 08:00 / поаѓање: 18:00
4. ден – Агиос Николас Крис – пристигнување: 08:00 /поаѓање 20:00
5. ден – Санторини пристигнување 08:00 поаѓање: 22:00
6.ден – Миконос – пристигнување: 08:00 /поаѓање
7. ден – Миконос – поаѓање: 02:00
7.ден – Милос – пристигнување: 08:00 / поаѓање: 18:00
8. ден Пиреа Атина – пристигнување: 08:00
Бесплатен WiFi пристап (1час во текот на денот)
25% попуст во специјализирани ресторани на бродот
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
• крстарење според избраниот итенерер;
• сместување во двокреветни кабини според избраната категорија. Патниците можат да добијат и трокреветни/четворокреветни кабини во истата категорија доколку се достапни;
• Проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, попладневен меѓуоброк);
• Пијалоци за време на оброците;
• Пристанишни такси ( 289 Еур);
• забава на бродскиот театар секоја вечер и во бродските салони со разни жанрови на музика во живо;
• користење на базени фитнес сала;
• Сите рекреативно забавни програми како и анимација на деца во специјализирани простории
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
• Превоз до и од пристаништето;
• Задолжително патничко осигурување;
• Пијалоци на бродот кои не се вклучени во пакетот;
• Факултативни екскурзии во органзација на Celestyal;
• Користење на спортски терени на бродот;
• Користење на мини барот во кабина;
• Забава во казино
• Останати лични услуги на бродот (интернет, фотографија, салон за убавина, room service…
Грчката влада воведе Такса за одржлив развој на туризмот за сите туристи на крстарење,
(Април, Мај,Октомври,) – Миконос и Санторини 12 еур/лице, останати пристаништа 3 еур/лице || (Јуни – Септември)– Миконос и Санторини 20 еур/лице, останати пристаништа 5 еур/лице.
2026 год.
Кабини
| Датуми на поаѓање | внатрешна | прозорска | балконска | |
| Мај | 09,16,23,30 | 549€ € | 669€ | од 1459€ |
| Јуни | 06,13,20,27 | 549€ € | 669€ | од 1459€ |
| Јули | 04,11,18,25 | 1149€ | 1459€ | од 2049€ |
| Август | 08,22 | 909€-1149€ | 1129€–1459€ | од 2049€ |
| Септември | 05,12,19,26 | 1149€€ | 1459€ | од 2019€ |
| Октомври | 03,10,24 | 799-909€ | 989€-1129€ | од 1789€ |










