Братислава-Виена-Сент Полтен-Вахау-Бенедиктски Манастир
8 ми март
авионска тура со сигурна реализација
Братислава-Виена-Сент Полтен-Вахау-Бенедиктски Манастир
- 05 март (Вторник)СКОПЈЕ-БРАТИСЛАВА
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 08:30 часот. Полетување за Братислава во 10:30 и пристигнување во 12:05 часот. Трансфер до Братислава и сместување во хотелот. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy Посета на Братиславскиот дворец, лоциран на ридот, со прекрасен поглед кон градот.Тоа е ретко место од каде во исто време може да се видат три држави: Австрија, Унгарија и Словачка.Враќање во хотелот.Можност за индивидуална прошетка.Ноќевање.
- 06 Март (Среда) БРАТИСЛАВА – ВИЕНА
Појадок. Организиран трансфер до Виена со попатна посета на Парндорф, најголемиот дизајнерски шопинг центар во Австрија.Пристигање во Виена и сместување во хотел и панорамски разглед на градот: обиколка на Рингштрасе (кружната улица) околу која се изградени најзначајните објекти во Виена, Музејскиот кварт, плоштадот Марија Терезија, еден од најубавите комплекси препознатлив по двата музеи близнаци, Парламентот, Универзитетот, Операта.Слободно време за индивидуална прошетка и кафе. Ноќевање.
- 07. Март (Четврток) ВИЕНА
Појадок. Факултативна посета на Кралскиот дворец Шенбрун, летната резиденција на Франц Џозеф, посетена од милиони туристи годишно. Палатата заедно со паркот е најголемата туристичка атракција во Виена, под заштита на УНЕСКО.Во склоп на посета на Шенбрун вклучена е и посета на најстарата Зоолошка градина во Европа . Слободно време за ручек со “вистинска” виенска шницла или виенско кафе во павилијонот на зоолошката градина .Во попладневните часови посета на забавниот парк Пратер кој е еден од најстарите забавни паркови во целиот свет. Паркот има и планетариум, музеј, продавници, ресторани и разни други атракции. Посетата на паркот е бесплатна – посетителите единствено плаќаат за возењата кои што сакаат да ги искусат. Највозбудлив туристички симбол на градот е Пратеровото панорамско тркало кое што овозможува прекрасен поглед на целиот град .Враќање во хотелот.Ноќевање.
- 08. Март (Петок) ВИЕНА –Сен Полтен -Вахау долина -Бендиктински манастирски комплекс
Појадок.Поаѓање за Санкт Полтен (St. Polten) .Лоциран на само половина час од Виена, тој е лавен град на Долна Австрија кој со својот волшебен стар град и впечатлива современа архитектура е омилен меѓу туристите Започнуваме со пешачка тура на градските плоштади- Herrenplatz, Rathausplatz и Riemerplatz – украсени со прекрасни барокни и Jugendstil фасади. , Ратхаус (градското собрание), поранешната синагога и Францисканската црква. Турата продолжува на само 20 минути возење од Сент Полтен, во срцето на долината Вахау пристигаме до Средновековниот Бенедиктински манастир (Melk Abbey) познат по со своите лозови насади со поглед на реката Дунав, импресивна библиотека, со главната сала која може да се пофали со импресивна бројка на дела.Можност за дегустација на вина со панорамски поглед од полукружната надворешна тераса.Враќање во Виена во попладневите часови.Можност за заедничка вечера во локалните ресторани.Ноќевање
- 09 Март(сабота)Братислава-Скопје
Појадок.Одјавување од хотелот.Трансфер до аеродромот во Братислава.Полетување за Скопје во 12:40 часот.Пристигање во Скопје во 14:05 часот
Цена на аранжманот по лице 359 евра по лице – со задолжителна резервација на факултатива Сент Полтен
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација Скопје-Братислава-Скопје
- Аеродромски такси
- Организиран трансфер аеродромот – хотел – аеродром
- Сместување во Хотел со 3* во Братислава на база 1ноќевања со појадок
- Сместување во Хотел со 3* во Виена на база 3 ноќевања со појадок
- Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
- Разглед на Братислава според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Пешачка прошетка во Виена со водич 20 евра
- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 10kg)1.950мкд
- Доплата за багаж за чекирање (1 торба/куфер со максимум 20kg)2.750мкд
- Туристичка такса 930 мкд (се плаќа во Агенција)
- Посета на Шенбрун 60 евра (трансфер, влезница, водич) + (Зоолошка градина 27 евра)
- Факултативна посета Сен Полтен -Вахау долина -80 евра -задолжителна резервација во агенција
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз(метро)
- Патничко – здравствено осигурување


.jpg)

