Хотел Молика
Хотел Молика се наоѓа на Баба планина во Националниот парк Пелистер. Самата местополoжба на хотелот овозможува поглед на градот Битола и околината.
Во склоп на хотел Молика функционира и скијачкиот центар Копанки кој располага со една двоседа жичара – Бегова чешма и еден ски лифт – Копанки.
Должината на жичарата и ски лифтот изнесува 1326 метри со капацитет од 1133 скијачи на час. Двете скијачките патеки се со средна тежина и нивната должина изнесува 1341 метар со површина од 53640 м2
Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.
Хотелот ,,Молика,, претставува капацитет од трета категорија (3 звезди ***) , кој во целост е прилагоден и амбиентално е вклопен со својот надворешен и внатрешен изглед во околината што го опкружува. Спојот на дрво и мермер, олицетворение на замислата на дизaјнерот овозможува со престојот во хотелот, секој посетител да ја почуствува топлината и душата на објектот во сите делови.
Располага со 57 соби од кои :
- *три апартмани, три трокреветни соби
- *останатите соби се двокреветни соби, двокреветни соби со детски лежај и соби со француски лежај.
Покрај тоа во склоп на хотелот работи и :
- *ресторанска сала со капацитет од 170 седишта
- *две семинарски сали секоја со капацитет за околу 40 учесници
- *банкет сала со 15 – 20 седишта, како и
- *летна тераса со 80 седишта
| Период | 01.09-30.11
|
01.12-28.12
09.01-28.02 |
|
|
|
| Ноќевање со појадок | BB | 1550 мкд | 1690 мкд | ||
| Полупансион | HB | 1950 мкд | 2200 мкд | ||
| Полн пансион | FB | 2600 мкд | 2760 мкд | ||
| Доплата 1/1 & Апп. | 250 мкд | 300 мкд |
-Цената се однесува по лице на ден
-Во цената е пресметана дневна туристичка такса по лице на ден од 40мкд, за деца до 11,99г не се пресметува туристичка такса
-Хотелот располага со сопствен и бесплатен паркинг
-Деца до 5 год кои не користат ресторански услуги и услуги за сместување престојуваат бесплатно
-Деца од 5 – 12 години кои користат ресторантски услуги и услуги за сместување попуст од 30 % на редовната цена
Дочекајте ја
НОВАТА 2025 ГОДИНА
во
ХОТЕЛ МОЛИКА
во полн сјај, прекрасна атмосфера и магични моменти со Вашите најдраги личности.
Цени изразени по лице на база полн пансион или полупансион
⇒2 ДЕНЕВЕН АРАНЖМАН
FB – 9250ден / HB 7700ден
⇒3 ДНЕВЕН АРАНЖМАН
FB – 11350ден / HB 10500ден
⇒4 ДНЕВЕН АРАНЖМАН
FB – 14800ден / HB12350ден
⇒5 ДНЕВЕН АРАНЖМАН
FB – 17900ден / HB 14200ден












