Сандански 23ти Октомври
Интерхотел **** Сандански е најголемиот СПА комплекс во Југозападна Бугарија. Лоциран во центарот на Сандански во близина на главната пешачка улица и паркот.
На само 40 км од Македонската граница. (Ново село – Струмичко / ГП Златарево – Петрич) Овај регион има најтопла клима во Бугарија и најмногу сончеви денови во годината. Во областа има над 80 минерални извори со температура од 33°С до 83°С Ресторанот “Сандански”е најголем во градот со капацитет од 320 седишта и голема тераса. Медитерански ресторан “Ренесанса” е декориран во медитерански стил. Механата “Булгари”е национален ресторан со вкусна храна. Лоби барот на хотелот нуди пријатна атмосфера. Бар-базенот нуди тонизирачки пијалоци, свежо цедени сокови и свежи коктели. Овај хотел е најголемиот балнео и СПА комплекс во југозападна Бугарија. Има модерен СПА центар, благодарение на чудните својства на водата. За децата во хотелот има современо декорирано детско катче.
Ден 1
23 Октомври 2025 БИТОЛА-САНДАНСКИ
Поаѓање во 06.00 часот од Битола за Сандански преку Прилеп, Кавадарци, Неготино, Струмица и Петрич (попатни одмори, царински формалности). Пристигнување во Сандански. По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време, можност за користење на СПА центарот. Ноќевање.
Ден 2
24. Октомври 2025 САНДАНСКИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот, шопинг. Ноќевање.
Ден 3
25. Октомври 2025 САНДАНСКИ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности, можност за користење на СПА центарот или индивидуална прошетка во градот, пазарење. Ноќевање.
Ден 4
26 Октомври 2025 САНДАНСКИ-БИТОЛА
Појадок. Напуштање на хотелот во 12.00 ч. (локално време). Во 12.30 часот (локално време), поѓање кон месноста Рупите (храмот – света Петка и гробот на најпознатата пророчица – Баба Ванѓа каде е и погребана). По посетата поаѓање за Македонија (попатни одмори, царински формалности) пристигнување во Битола во вечерните часови.
187 € цената е за 1 лице во двокреветна Лукс соба за 3 ноќевања со појадок
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-Користење на сауна, парна бања, фитнес центар
-Користење затворен базен со минерална вода од 33⁰С (полуолимписки размери)
-Користење на отворен базен со минерална вода од 33⁰С,
-Користење на отворен термален базен со минерална вода 38⁰С
-Безжичен интернет во целиот хотел
-Паркинг
-Детско катче со аниматор
-Туристичка такса
-Група посета на гробот на Баба Ванѓа
-Придружник и организација на патувањето
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за вечера 18€ по лице
Доплата за превоз 40€ по лице
Патничко здравствено осигурување
Организиран превоз од Битола, Прилеп, Неготино, Струмица



