Венеција
Венеција, градот на најпознатиот карневал, градот на маските, градот на вода и бисерот на Јадранот. Ова е град кој што треба да се посети барем еднаш во животот, за сите љубители на ренесансата и прекрасна архитектура, тој е едно посебно доживување, кое останува во сеќавање.
1 Ден СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА
Полетување за Венеција во 13:10 часот. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Пристигнување во 15:00 часот. Индивидуален трансфер и сместување во хотел во Местре. Слободно време за прошетка низ улиците на Венеција и каналите каде че ја почуствувате магијата на градот и ќе уживате во вкусната италијанска кујна. Ноќевање.
2 Ден ВЕНЕЦИЈА
Појадок. По појадокот предлог посета на Дуждевата палата, мостот на воздишки, каналот Гранде и мостот Риалто, плоштадот и црквата Сан Марко. Ноќевање.
3 Ден ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА
Појадок. Предлог посета на Мурано составено од 7 мали островчиња во Венецистката лагуна. Враќање во Венеција. Ноќевање.
4 Ден ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за ручек и одмор. Индивидуален трансфер до аеродром. Препорачуваме два часа пред вашиот лет да бидете на аеродром. Лет за Скопје во 15:35. Пристигнување во Скопје во 17:15.
ЦЕНА ПОЧНУВАЈКИ ОД 189ЕУР ПО ЛИЦЕ
Цената ги вклучува следниве услуги:
- Авионски превоз на дадената релација / WizzAir
- Аеродромски такси
- Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 42х32х25см)
- Сместување во хотели во Венеција / на база 3 ноќевања со појадок
Цената не вклучува:
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром со редовна “shuttle bus“ линија
- Индивидуална посета на Верона со воз
- Влезници во музеите и културно – историските споменици
- Патничко – здравствено осигурување
Напомени:
- Цената на аранжманот зависи од моменталната расположливост на местата во авион и избраниот хотел
- Промената на времето на авионскиот лет зависи од авиокомпанијата
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За овој аранжман важат општите услови за патување на ЈК ТРАВЕЛ и СКТМ


