10 грешки што треба да ги избегнете во Грција – за безгрижно летување

Сезоната на одмори во Грција веќе започна, а првите туристи веќе уживаат во плажите, топлото сонце и вкусната медитеранска храна. Но ако сакате вашето патување да помине без непријатности, добро е да знаете што не треба да правите.
Иако многу од правилата важат за секаде, честите посетители на Грција споделуваат совети и искуства кои можат да ви заштедат време, нерви – и пари.
Според GrčkaInfo, ова се 10 ситуации кои треба да ги избегнете за да не си го расипете одморот:
-
Игнорирање на предупредувања на плажата
Ако има истакнато црвено знаменце, не влегувајте во вода – без разлика колку ви изгледа мирно морето.
-
Паркирање на забранети места
Полицијата не простува – ризикувате да ви ги одземат табличките или возачката дозвола, а понекогаш и да се соочите со дополнителна штета на возилото. -
Невнимание на јавни места
На пунктовите од каде што поаѓаат туристички автобуси има голем метеж – бидете внимателни со личните работи, посебно чанти и пари. -
Доверба кон сомнителни огласи за сместување
На социјалните мрежи има многу измамници – секогаш проверувајте ја автентичноста на понудите и барајте препораки. -
Оставање предмети во автомобилот
Дури и кога мислите дека не носите ништо вредно – автомобилите со багаж се примамлива цел за крадци.
-
Купување веднаш по пристигнување
Не одете во супермаркет додека автомобилот е полн со куфери – тоа е класичен момент кога се случуваат кражби. -
Претпоставување дека сите зборуваат англиски
Иако многу Грци зборуваат англиски, не очекувајте тоа секогаш и секаде – неколку зборови на грчки јазик (како „кали мера“ или „ефхаристо“) секогаш се добредојдени и покажуваат почит. -
Носење несоодветна облека при посета на цркви и манастири
Грција е православна земја и верските објекти бараат почит – покриени раменици и колена се правило, особено кај жените. -
Проверка на документите веднаш по граница
Штом ви ги вратат пасошите, веднаш проверете дали се сите исправи тука – и дали навистина се ваши. -
Придржување до сообраќајните правила
Ограничувањата за брзина не се препораки – казните се високи, а ризикот за безбедност е уште поголем.