Предлог дестинација за одмор: Пефкохори, Грција

Доколку барате совршен микс од релаксација, убава плажа и вистинска медитеранска атмосфера – Пефкохори е вистинското место за вас!

Сместено на првиот крак на Халкидики – Касандра, ова живописно гратче секое лето привлекува илјадници туристи со својата комбинација од природа, вкусна храна и гостопримливост.

Што нуди Пефкохори?

Пефкохори има долга песочна плажа, тиркизно море и шеталиште полно со таверни, барчиња и продавници. Идеално е за парови, семејства, но и групи пријатели кои сакаат балансиран одмор – малку лежалка и море преку ден, малку забава и прошетка навечер.

Зошто да ја изберете оваа дестинација со ЈК Травел?

✨ Апартманско сместување со 7 ноќевања
Со нашата понуда добивате комфорно сместување во уредени апартмани, блиску до плажа и центар. Одличен избор за оние кои сакаат приватност и флексибилност за време на одморот.

✨ Одлична локација
Без потреба од долго возење – од Македонија до Пефкохори се стигнува за околу 4-5 часа со автомобил.

Наш совет?
Резервирајте навреме – особено ако планирате одмор во јули или август, бидејќи Пефкохори е секогаш баран!

Контактирајте не преку JK Travel и обезбедете си 8 дена вистинско летно уживање.

Loading...